ExYu
Fresh
Cafe
Rock
Deep House
Radio EastGate Mall
Play button

Парадокс

Кежаровски: „Кока Кола“ во затвор чини 150 денари (ВИДЕО)

today30/05/2020 8

Background

„Да се тргне политиката и партиските послушници од затворите“,вели новинарот Томислав Кежаровски, кој е основач на Центарот за помош, поддршка и ресоцијализација на притворени и затворени лица при гостувањето во емисијата „Стадион“ со проектот „Парадокс“ на тема „Затворите рај за ситната корупција“.

Тој вели дека во областа на ресоцијализација, дали идеја како како Центар до Владата односно до генерланиот секретар Драги Рашковски, за затворските лица по извршување на казна затвор да можат да бидат вработени.

Кежаровски смета дека ако се подобрат условите во затворот, со тоа се штитат лицата кои се во притвор или извршуваат казна затвор, а со тоа им се подобруваат условите на службените лица и стражарите.
Кежаровски раскажуваше за тоа како им биле продавани производите во кантината, вели ние во тоа време купувавме Кока Кола во пластична амбалажа, каде на етикетата имаше цена напишана во круг по 69 денари, а за нас беше наплатена по 150 денари. Исто така раскажа за возилата кои ги поседувал затворот каде издржувал затворска казна.

„Немаше возило, или имаше едно возило кое требаше да ме префрли итно од притворското одделение до болница, но не можеше да ме префрли зошто немаше гориво. По еден месец повикаа и ми рекоа сега може да ве префрлиме“, раскажува Кежаровски.

 

Објавено од: Viktor Gavrilov

Rate it
0%