ExYu
Fresh
Cafe
Rock
Deep House
Radio EastGate Mall
Play button

Парадокс

Колку тежи интегритетот на еден инспектор?, беше темата на денешниот „Стадион“ на „Канал 77“ (ВИДЕО)

today11/04/2020 9

Background

Денешната емисија „Стадион“ на „Канал 77“ продолжи со серијалот „Парадокс“, а фокусот овој пат беше на инспекторите. Колку тежи итегритетот на еден инспектор? Каде се најтенките нишки каде што може да се скине тој интегритет? Кои се најчестите жалби, поплаки и пријави за инспекторите? Дали и зошто граѓаните и бизнисмените молчат и не пријавуваат? Како да се разоткрие тој соучеснички менталитет? Колку треба да заработува еден инспектор за да (о)стане имун на поткуп и корупција? Има ли волшебно стапче со кое ќе се зголеми ажурноста на инспекциските служби како главен надзор што може во старт да ги пресече корупциските текови? Колку може да ни’ помогнат искуствата од поразвиените земји во поглед на подобрувањето на заштитеноста на инспекторите?

Во рамките на емисијата беше емитувана новинарската истражувачка сторија на Габриела Додевска. Лилјана Поповска од ДОМ во своето искажување посебно се осврна на Државниот инспекторат за животна средина.

– Воопшто не сум задоволна како работи тој инспекторат. Не се грижи за контрола, надзор и казнување на прекршителите, особено на големите загадувачи. Инспекторатот ниту врши редовни, ниту вонредни контроли. Наместо да имаат редовни дежурства во три смени, како да се на одмор, оставајќи сомнеж и за коруптивни случаи. Затоа што кога цел народ гледа како некоја фабрика загадува, се снимаат и објави од загадувањето, за потоа од инспекторатот да отидат кај загадувачот во договорен термин, за да се добијат „совршени“ резултати дека се’ е чисто – истакна Поповска.

Заменик-министерот за екологија Јани Макрадули обвинувањата од Поповска ги нарече целосно неосновани.

– Прво, ако постојат основани сомненија коректно е да ги пријавите. Во спротивно, станувате соучесник. Јас знам дека некои работи секогаш можат подобро. Но, да не се обидуваме со некаква квази-партиска промоција да направиме сенка врз луѓето кои чесно си ја вршат работата во рамките на Инспекторатот. Особено е подобрена работата по 2017 година, а тоа можам да го аргументирам со повеќе примери – рече Макрадули.

Во емисијата се вклучија и претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска – Грешкоска и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.

– Секаде каде што постапуваме, постапуваме неселективно. Најголемиот дел од инспекторите работат согласно законот и можам да кажам дека ни од граѓаните немаме поплаки за најголем дел од нив. Секој инспекторат има дел инспектори, не можам да кажам дека нема, кои го уриваат угледот на сите други. Таквите, дали со преместување на други места, дали со ставање да работат во администрацијата, правиме напори да ги отстраниме. Да не се добие слика оти инспекторите работат нечесно, неаконски и земаат пари, мито – истакна Пауновски.

Тој нагласи и оти во овие моменти на борба со коронавирусот инспекторите биле во првите линии и, за среќа, досега од нив немало позитивни на вирусот.

Објавено од: Viktor Gavrilov

Rate it
0%