ExYu
Fresh
Cafe
Radio EastGate Mall
Play button

Парадокс

144 Results / Page 4 of 16

Background

Парадокс

Рахиќ: Затворите за жал се тема само кога ќе дојдат Велија, Орце и Боки (ВИДЕО)

За поефикасно да се справиме со корупцијата треба да се зголемат ингеренциите на директорите во поглед на дисциплинските постапки, сега за секој прекршок против вработен одлучуваат самите вработени и затворкси службеници кои не сакаат да си „ги вадат очите еден со друг“, изјави Есад Рахиќ директор на КПУ Скопје – Шутка, при гостување во емисијата „Стадион“ со проектот „Парадокс“ на тема „Затворите рај за ситната корупција“. Тој смета дека треба да профункционираат затворските економии, ние ги намалуваме трошоците со приклучок […]

today30/05/2020 18

Парадокс

Затворската хиерархија и патот на ситната корупција

Ситната корупција може да помогне, но и да го покаже патот како да се дојде до крупната корупција. Иако таканаречената ситна корупција често се занемарува па дури и се смета за не толку важна, истата има голема улога како да се најде друга поголема коруптивна зделка направена во различни сектори од нашето опкружување. Казнено поправните домови се сметаат за „рај“ токму за таа ситна корупција. За да истата биде спроведена, потпомогната е од затворската полиција која најчесто се појавува како […]

today28/05/2020 31

Парадокс

Во денешниот „Стадион“ се дебатираше за инвалидските пензии и кој ги добива – вистинските инвалиди или, пак, „глумци“ за пари? (видео)

Инвалидска пензија – различни и тешки судбини, голготи, борба за живот, но и борба со немилосрдните институции, комисии, поединци. Неподвижни луѓе остануваат без пензија, а разни глумци, во спрега со лекари, комисии и посредници, вооружени со по неколку илјади евра, стануваат инвалидски пензионери со песна. Некои до целта доаѓаат и по партиски линија зашто партиските канџи го зграпчија и  системот за добивање инвалидски пензии. Како да им се застане на патот на злоупотребите, митото, корупцијата? Каков систем, какви реформи се […]

today23/05/2020 13

Парадокс

Д-р Демерџиев: Учесниците на разни ора, литии да бидат болничари на инфективна клиника (видео)

Неврологот Милчо Демерџиев, осуден во судскиот процес Метастаза, за незаконско доделување на инвалидски пензии, се обидува својата невиност да ја докаже, но вели дека сите инситутции се затворени. Судењето според него било обична фарса, без вештачење, со апсурдни и смешни констатации и конструкции. – Ме обвинуваат за злосторничко здружување, а ние со колегите и со посочените сведоци и оштетени никогаш не сме имале контакт. Со моите наоди за ишијас не можете да добиете ниту боледување, а не инвалидска пензија. Ми […]

today23/05/2020 36

Парадокс

Граѓаните укажуваат дека има корупција во издавањето на инвалидски пензии, но не пријавуваат (видео)

Во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување доаѓаат граѓани со тврдења дека им било барано пари од Комисијата за издавање на инвалидсски пензии, но кога инсистираме да пријават и официјално да го документираме случајот, се повлекуваат. Ние работиме на основа на докази, вели Јадранка Јовановска, раководител во ПИОМ. Се размислува една комисија за инвалидност да ги решава сите вакви прашања. Ваква комисија успешно работи во Хрватска, изјави Јовановска во емисијата Стадион на Канал 77, каде се зборуваше за корупцијата во […]

today23/05/2020 19

Парадокс

„Млада си, можеш да работиш“ и’ одговориле на Снежана Караџовска, која со ампутација на двете нозе не може да добие инвалидска пензија (видео)

Снежана Караџовска, се бори со системот, која и покрај ампутираните нозе во надколеница, не може да добие трајна инвалидска пензија. – Не ми бараа пари, но ме одбија за пензија, ми рекоа, млада си, можеш да работи.Една година се надевав дека со протези ќе можам да проодам, поради тоа побарав инвалидска пензија дури по една година, вели Караџовска. Во емисијата Стадион на Канал 77, Караџовска откри дека од државата добива само 5000 денари надомест, додека за било каква информација е […]

today23/05/2020 30

Парадокс

Издавале лажни инвалидски пензии за суми до 3.500 евра по човек

Пишува: Саше Димовски Најмалку 77 граѓани од десетина градови во Македонија останале без своите инвалидски пензии и морале на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да му вратат илјадници евра, бидејќи со парите, како што утврдиле кривичниот и граѓанскиот суд, се стекнале без основ. Граѓаните пред судовите тврделе дека не знаеле или не можеле да знаат дека нивните пензии се одобрени незаконски, за што биле осудени повеќе вработени во Фондот за ПИОМ, но судиите не ги прифаќале ваквите тврдења, повикувајќи […]

today21/05/2020 85

0%