ExYu
Fresh
Cafe
Radio EastGate Mall
Play button

Проекти

224 Results / Page 3 of 25

Зголемена локална транспарентност

Даночна неправда ги празни граѓанските џебови

Оваа гарнитура од локална власт на заминување ќе остави релативно среден систем на наплата на данок на имот. Но, овие градоначалници на граѓаните ќе им остават обврска за плаќање на данок, кој е заснован на највисоката законска граница, базиран на нови проценки на имотот, кои донесоа решенија зголемени за неколку пати од тие што претходно ги плаќаа. Она што за локалната власт е вовдеување на даночна дисциплина, за граѓаните е само уште една повисока давачка што мора да се плати. […]

today28/12/2018 10

Зголемена локална транспарентност

Древните Л’џи ќе станат чешма

Жителите на штипско Ново Село стравуваат дека концесионерот кој ја доби концесијата за користење на термо-минералната вода од локалитетите ,,Кежовица и Л,џи“ ќе стави катанец на  на Л’џите. Тие сметаа дека и водата и самиот локалитет се дел од историјата и традицијата на оваа древно и историско место и како такво треба да се заштити  и од општината и од Државата. Од ДПТ Оаза ДОО Штип, фирмата која што ја доби концесијата, велат дека тоа нема да се случи. Ќе […]

today28/12/2018 85

Зголемена локална транспарентност

Тендерите и’ пресудија на дивата депонија во Тетово

Се менуваа министри за екологија, се менуваа градоначалници, но само дивата депонија во Тетово цели десет години остана на исто место. И додека тетовчани се гушат, државата дава само морална поддршка, под изговор дека е тоа работа на општинските власти. Лошата миризба и чадот ги трујат тетовчани до ден денешен. Граѓаните раскажуваат дека имале секојдневни непријатности со тогашната депонија стационирана во близина на нивните живеалишта. Претседателот на месната заедица „Борис Кидрич“, Мирче Блажески раскажува за животот со депонијата. Депонијата беше […]

today28/12/2018 67

Зголемена локална транспарентност

Решенија со поминат рок за жалба ја полнат државната каса

Одбиените земјоделци, кои бараат директна помош од државата, позната како субвенции, се жалат дека решенијата со кои се одбиени, ги добиваат со задоцнување и со поминат рок за покренување постапка. Земјоделските здруженија пак тврдат дека земјоделците немаат ни пари ни време да покренуваат судска постапка преку која ќе ги добијат парите што законски им следуваат. Институциите објаснуваат дека земјоделците може да ги остварат своите права само треба да бидат поупорни. „Се одбива барањето за финансиска поддршка од Програмата за финансиска […]

today28/12/2018 155

Зголемена локална транспарентност

Офицерски дом срамот на Битола

Офицерски дом во Битола е срам за Градот на конзулите. Сјајот и раскошот на некогашниот гламурозен објект се заменија со крш и пустош, а убавината стана грдото лице на градот. Ова е сликата за Офицерскиот дом во Битола после повеќе од еден век од  неговата изградба. Најубавиот архитектонски бисер на Широк сокак e целосно запуштен и претворен во руина, во исто време буди чувство на сожалување, но и гнев кај минувачите. Од Офицерскиот денес не остана многу, ниту од  раскошната фасада, […]

today28/12/2018 96

Зголемена локална транспарентност

Живот без вода за пиење и во зима

Старите селски водоводи во неколку делчевски села кои се дотраени и градени со средства од жителите уште пред 50 години, им создаваат главоболка и на жителите, но и на општината. Наместо редовно снабдување со вода, околу 2000 жители од делчевските села Ѕвегор, Чифлик, Вирче, но и неколку маали од селото Нов Истевник, и во лето и во зима имаат проблем со вода за пиење. Па, оваа ситуација, и денес во 21-от век, го отвора прашањето како да се дојде до […]

today28/12/2018 63

Зголемена локална транспарентност

Нова блокада и бојкот на настава во најава

Бојкот на настава и блокада на општината, е една од најавите на учениците Македонци од Тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ пред почетокот на второто полугодите. Учениците и родителите бараат Општината Тетово да овозможи нормален образовен процес. Петнаесет години трае голготата со просторниот проблем, кој го имаат професорите и учениците од ова средно училиште со традиција да произведува  високо едуциран  кадар за понатамошно високо образование. Во конфликтот  2001-та од безбедносни причини, учениците Македонци ја напуштија матичната зграда на Гимназијата и наставата ја […]

today28/12/2018 34

Зголемена локална транспарентност

Охрид останува град на УНЕСКО

На седницата во јули, УНЕСКО нема да му го одземе статусот на заштитен град. Но, тоа не значи дека на следната седница на Комитетот на оваа светска организација нема регионот да биде стане на листата на загрозени подрачја. Тоа пред се’ зависи од македонските власти дали ќе ги прифатат препораките од јуни минатата година на УНЕСКО и ќе променат нешто во своите планови за реализација на повеќе инфраструктурни проети. Охриѓани и екологистите веќе подолго време предупредуваат дека поради  неконтролираната градба […]

today28/12/2018 40

Зголемена локална транспарентност

Туристички Дојран – град без јавен превоз

Туристички Дојран има дирекна автобуска линија само до три градови во државата, а такси превозот е луксуз- ако се најде. Граѓаните се жалат дека одењето до поголемиот град Струмица на преглед во болница,  ги чини минимум 1000 денари. Општината Стар Дојран одговорноста ја префрла на државата. Секое утро е нова борба, а за дојранци во дневната борба за преживувачка е пресметана и потребата од редовни автобуски линии кои би им овозможиле пристојно да си ги остварат здравствените, економските, работничките, образовните […]

today28/12/2018 59

0%