Во денешниот „Стадион“ се дебатираше за инвалидските пензии и кој ги добива – вистинските инвалиди или, пак, „глумци“ за пари? (видео)
Инвалидска пензија – различни и тешки судбини, голготи, борба за живот, но и борба со немилосрдните институции, комисии, поединци. Неподвижни луѓе остануваат без пензија, а разни глумци, во спрега со лекари, комисии и посредници, вооружени со по неколку илјади евра, стануваат инвалидски пензионери со песна. Некои до целта доаѓаат и по партиски линија зашто партиските канџи го зграпчија и системот за добивање инвалидски пензии. Како да им се застане на патот на злоупотребите, митото, корупцијата? Каков систем, какви реформи се […]