Хроничен проблем, но без долгорочно решение. Додека Македонија чека Европската унија да и’ ги отвори вратите, нејзиниот главен град заостанува зад европските метрополи. Јавен простор се’ помалку, ветувања од надлежните се’ повеќе. Додека се чека на нивна реализација, сообраќајната безбедност на граѓаните и понатаму останува загрозена. Пишува: Вања Мицевска Урбаната димензија на секојдневието му пркоси на јавниот простор во македонската метропола. Пешачка зона со режим на сообраќај, приватни објекти на јавни површини, тротоари претворени во паркинг – вака изгледа сликата […]
Што се крие зад изградбата на новата општа болница во Струга што ја најавуваат локалната и централната власт. На оваа тема истражувавме, ако се знае дека таа најверојатно ќе се гради по пат на јавно приватно партнерство. Оној кој ќе ја гради болницата како поволност за тоа нема да и’ плати комуналии на Општината, а за возврат ќе го добие и местото каде се наоѓа сегашната болница, кое е повеќе од атрактивно, сместено во најубавиот дел на градот. Низ струшката […]
Штиците на сцената се толку стари што претставуваат опасност за актерите, стари се и седиштата за публиката, озвучувањето, објектот во кој и денес се играат претстави е изграден во 1947 година и оттогаш само еднаш, многу одамна, бил реконструиран, па кумановци со право бараат нов или барем соодветна реконструкција на сегашниот театар Пишува: Никола Ивановски Kога ќе се спомене театарската уметност, неизбежна е реченицата „Штици што живот значат“, а во кумановскиот театар овие штици буквално можат да значат живот. Толку […]
Какви репроматeријали користат македонските земјоделци? На терен фармерите реагираат дека вештачктие ѓубрива и биохемиските препарати не даваат ефекти за заштита на растенијата и за поголеми приноси од земјоделските посеви. Аптекарите, пак, тврдат дека се што се продава се контролира во акредитирани лаборатории. Проблемот што нема ефекти го лоцираат во несоодветната примена. Земјоделскиот инспекторат нема изречено казни бидејќи, според нив, во последниве две години сите ѓубрива и препарати не отстапуваат од пропишаните норми, својства и активни елементи. Кој ги штити земјоделците […]