Зголемена локална транспарентност
Центар за аутизам во Штип или само центар за згрижување на децата
По Скопје, Штип е вториот град каде државата се одважи да изгради Дневен центар за аутизам. Го најавуваа со години, министрите за труд и социјала се менуваа, но колку реално Центарот ја подобри социјализацијата на децата со аутизам, кои и понатаму се на општествените маргини. Отворањето беше добра основа, но се случи набрзина, со децата работи мал кадар кој не е доволно обучен – реагираат родителите. Го најавуваа помпезно, го отворија подоцна од планираното – надлежните истакнуваа дека Центарот ќе […]