ExYu
Fresh
Cafe
Rock
Deep House
Radio EastGate Mall
Play button

Парадокс

Ангеловска – Бежоска: Банките може да дозволат доцнење на кредитните рати и до 150 дена (видео)

today21/03/2020 87

Background

Банките добија дозвола од Народната банка дека можат да ги олабават строгите услови кон компаниите и граѓаните, откако Народната банка направи промена на Одлуката за методологија за управување со кредитните мрежи од страна на банките и штедилниците. Како што објасни гувернерката Анита Ангеловска – Бежоска во емисијата Стадион на Канал 77, со измената се овозможи поголем регулаторен простор со цел банките да бидат стимулирани на овозможат на населението и корпоративниот сектор промена на постојни договори и  услуги.

-Банката може да го пролонгира периодот на отплата на обврските и во тоа нема лимиит. Поволноста може да е помалата кредитна стапка и дадениот поголем рок за отплата. Или да понуди нов рок за отплата на кредитот. Со одлуката, банките се мотивирани да има дадат поповолни услови. Целте на оваа одлука беше навремена промена на условите на банките,  за компаниите да не дојдат во неповолен временски статус да не дојдат до задоцнување на плажање на кредититем, објасни гувернерката.

Народна банка направи и промена и во дефиници на нефункионален, односно нередовен кредит.

-До сега тоа беше беше кредит со задоцнување до 91 ден, а сега е пролонгиран на 150 дена. Очекуваме банките активно да пристапат и да ја користа можноста. Ова е во функција на банките исто и на нивните клиенти. Да помогнат да можат компаниите овој шок да го пребродат, да опстанат и да имаат капацитет да можат да ги сервисираат обрските, рече Агнеловска – Бежоска во Стадион.

При тоа, гувернерката на нардоната банка објасни дека тука спаѓаат и за кредитните картички и сите кредитни производи намемети за граѓаните. Сепак, како што рече, Народната банка нема надлежност да пропише неплаќање на обврски. Она што може да го направи е максимално релаксирање на регулаторните услови за да ги стимулира  банките тоа да го направат.

-Не зборуваме само за замрзнување на обврските од три месеци, туку и за одлагање, кое што може да биде многу подолго и зборување за промена други промени – каматна стапка, вкупен рок на достасување на кредитот,  а терминот на нефункионалните кредити го променивме, рече Анита Ангеловска – Бежоска, гувернер на Народната банка во гостувањето во Стадион на Канал 77.

Објавено од: Viktor Gavrilov

Rate it
0%