Тетовскиот муфтија на ИВЗ, Ќани Несими тврди дека сите безбедносни процедури за празникот Рамазан Бајрам во џамиите максимално се почитувале.
– Во џамиите, кои се дезинфицираат пред и после молитвата, не можете да влезете без заштитна маска и не смеете да се ракувате и групирате меѓусебно, мора да држите дистанца. Треба повеќе да се внимава како се однесуваме на пазарите, во маркетите, рестораните и домовите. .Сите наши верници кога доаѓаат треба да одржуваат високо ниво на хигиена, Впрочем, тоа е обврска пред Севишниот. Пред бога нивните раце, лице и тело мора да бидат чисти – вели Тетовскиот муфтија Ќани Несими.
Објавено од: Viktor Gavrilov
Paradox Канал 77 Парадокс Радиовизија Стадион Ќани Несими