Македонскиот центар за меѓународна соработка во соработка со М- Проспект спроведе истражување за мислењето и ставовите на граѓаните за коронавирусот.. Според истражувањето од 10 до 25 проценти од граѓаните не веруваат дека Ковид 19 постои, а дури 48 проценти веруваат дека е создаден во неприродни услови, во лабораторија.
– Резултатите се различни во зависност од етничката група и кога прашувавме за загриженоста од последиците на пандемијата. Процентот на загриженост кај албанците е помал од просекот кај македонците. Спроведуваме и истражување за економските последици, но и за промената на навиките што ги предизвикува коронавирусот, На пример, во однос на годишните одмори над половина од испитаниците не планираат да летуваат ниту надвор од Македонија, ниту во државата- вели Александар Кржалоски од МЦМС.
Објавено од: Viktor Gavrilov
Paradox Александар Кржалоски Канал 77 Парадокс Радиовизија Стадион