ExYu
Fresh
Cafe
Rock
Deep House
Radio EastGate Mall
Play button

Парадокс

(ВИДЕО) Малите средини – предизвик за учество на граѓаните во судењата

today10/02/2020 9

Background

Судиите поротници  се’ до неодамна беа речиси невидливи за јавноста. Иако се составен дел на судечкиот совет и имаат еднаков глас како и судиите професионалци, за судиите поротници почна да се зборува дури по случајот „ТНТ“, за уривањето на објектот Космос. Процесот, кој беше пред донесување на пресуда, мораше да почне од почеток поради оставка на судија поротник. Според законот, судењата почнуваат од почеток доколку дојде до промена на составот на судечкиот совет.

Граѓаните, или лаичкиот дел од судството, како што стручно ги нарекуваат, во прогласување на некој за обвинет еднакво одлучуваат со професионалните судии. „Во име на граѓаните“ – така почнува секоја изречена пресуда. И буквално, грѓаните, како судии поротници се тие кои ја даваат смислата на оваа реченица. Некои од поискусните судии со кои разговаравме, велат дека судиите поротници се тие кои ја даваат рамнотежата, односно се контролата на судијата професионалец.

И ако на скопското апелациско подрачје има предизвици од аспект со менаџирање на комплицирани судски процеси, каде често се однесуваат на висока корупција, штипското се соочува со предизвикот на мала средина. Малите судови освен што располагаат со ограничен број на судии поротници, имаат проблем со нивното ангажирање во процеси каде и лично се познаваат со обвинитите, ја знаат нивната историја, а често се роднински или пријателски поврзани. Повеќе за темата во истражувачката сторија, како дел од Стадион Парадокс, емитуван на 08.02.2020 година.

 

Објавено од: Viktor Gavrilov

Rate it
0%