Неврологот Милчо Демерџиев, осуден во судскиот процес Метастаза, за незаконско доделување на инвалидски пензии, се обидува својата невиност да ја докаже, но вели дека сите инситутции се затворени. Судењето според него било обична фарса, без вештачење, со апсурдни и смешни констатации и конструкции. – Ме обвинуваат за злосторничко здружување, а ние со колегите и со посочените сведоци и оштетени никогаш не сме имале контакт. Со моите наоди за ишијас не можете да добиете ниту боледување, а не инвалидска пензија. Ми влегоа во ординација со специјалци и камери во докторскиот простор кој е светост и после ги дадоа на Латас снимките да се вртат на телевизија со недели и да ме обвинат уште пред да започне судењето – вели Демерџиев. Тој во гостувањето во „Стадион“ на Радио Канал 77 зборувајќи за коронавирисот рече дека станува збор за опасен невидлив непријател и дека сите што се однесуваат ноншалантно, тврдејќи дека станува збор за светски заговор, не ги почитуваат мерките па играат ора, спроведуваат литии, се собираат групно во Сингелиќ, Чаир, би ги испратил со полиција на инфективна клиника да работат како болничари и чистачи.
Објавено од: Viktor Gavrilov
др демирџиев канал77 милчо демирџиев Парадокс Радиовизија Стадион