ExYu
Fresh
Cafe
Rock
Deep House
Radio EastGate Mall
Play button

Проекти

224 Results / Page 2 of 25

Зголемена локална транспарентност

Наместо регионална депонија во струмичко има 100 диви депонии

Струмичкиот регион како земјоделски се гуши во отпад. Речиси сите населени места имаат една до две диви депонии, а купишта ѓубре се фрла и покрај локални патишта, реки и канали. Органски отпад, пластика, хартија и градежен шут има насекаде, а во нивна близина се одгледува зеленчук, овошје. „Се фрла насекаде, не плаќаат за ѓубре и каде им падне го оставаат. Ама тоа е поради тоа што нема инспекции и казни.Треба да ги казнуваат, оти, еве се праваат лом дури и […]

today28/12/2018 94

Зголемена локална транспарентност

„Розевата“ Битола во филмот за Талески

Битола не стана филмски град, ама ќе ја има во филмот на градоначалникот на заминување Владимир Талевски, кој е на истекот на неговиот трет мандат. За филмот за проектите на Талески, општината ќе потроши 8000 евра. Опозицијата овој проект го нарече „голема лудорија“, а дел од битолските интелекуталци бараат контра филм за најавените а нереализирани проекти. Kлима и предели што се менуваат на секои дваесеттина километри, филмски професионалци, лесна достапност до филмски локации, богато културно наследство, eвтини услуги…вака звучеше маркетинг […]

today28/12/2018 69

Зголемена локална транспарентност

Струшката депонија канцер на градот и вистинска еколошка бомба

Додека стружани се гушат од чадот и неподносливата смрдеа кои се шират многу често од градската депонија која се наоѓа на стотина метри од првите куќи секојдневно се зголемува бројот на заболени од рак во општината. Депонијата е место каде повеќе од една деценија се фрла најразличен вид на отпад, а која на Струга и оневозможува нормално да живее. Стружани со право велат дека таа претставува канцерот на градот. „Тоа е страшно нешто. Ноќе не се излегува бидејки мириса и […]

today28/12/2018 102

Зголемена локална транспарентност

Паркингот во Тетово – луксуз од 80 000 денари

Зонското паркирање не го реши сообраќајниот хаос во Тетово, туку дополнително го комплицира проблемот на  граѓаните кои живеат на главните булевари „Илирија“ и „Илинденска“. Цената на месечниот билет за паркирање е фантастични 8000 денари. И додека граѓаните бараат паркинзи зад зградите во кои живеат, од општината велат дека зонското паркирање е успешен проект. Зонското паркирање во Тетово ги преполни тесните улички и ќорсокаците со паркирани возила. Тетовци се жалат дека и покрај воведување на зонско паркирање паркинг слободни места нема […]

today28/12/2018 86

Зголемена локална транспарентност

Ќе ја добие ли Дојранското езеро заслужената еколошка заштита

Дојранското Езеро некогаш важеше за избалансирано високо продуктивно езеро, со богата флора и фауна и најбогато со риба во Југоисточна Европа. Денес веќе се шпекулира со бенефитите кои може да ги понуди. Во овие неколку години, а особено во последните три, езерото си го врати својот некогашен сјај, дури и повеќе од тоа, изобилувајќи со вода која жителите велат одамна ја немало во толкава количина. Но, од друга страна, квалитетот на езерската вода е под знак прашалник, а брзата и […]

today28/12/2018 247

Зголемена локална транспарентност

Домот за стари наречен желба

Повеќе од една година е запрена градбата на Домот за стари лица во Штип. Објектот од 3000 квадрати кој е изграден до карабина и не може да се догради додека не завршат административните процедури во Министерството за транспорт и врски. Здружението на пензионери на Штип и Карбинци ги троши последните пари, кои од сопствена заштеда одлучи да го гради овој капитален објект. Засега пензионерите се без идеја како да го завршат домот каде треба да сместат 120 свои членови. Иако […]

today28/12/2018 132

Зголемена локална транспарентност

Нови станбени комплекси ќе го загрозат чистиот воздух во Охрид?

Дваесеттина нови висококатници ќе никнат на неколку локации во Охрид. Граѓаните, експертите и некои од градските советници во општинскиот совет велат дека сето ова не е во интерес на градот и дека изградбата на новите згради ќе влијае врз квалитетот на воздухот кој охриѓани сега го дишат. Локалните власти уверуваат дека Охрид се урбанизира плански. Некои од овие висококатници ќе се градат близу строгиот центар на Охрид. На опфатот помеѓу улиците „Јане Сандански“, „Туристичка“ и „Даме Груев“, според урбанистичкиот план […]

today28/12/2018 171

Зголемена локална транспарентност

Општински центар три години без матичен лекар

Повеќе од три години жителите на пет села од Општината Чешиново – Облешево се без матичен лекар. Жителите преку петиција побараа Општината да го реши проблемот, бидејќи секое одење на лекар во Кочани за нив е трошок. Младите лекари до сега не покажаа интерес за работа на село, од каде не можат да градат кариера. Во 21-от век, доаѓањето до здравствена заштита овие близу 5000 жители е пат поплочен со трње. На десетина километри пред  Кочани е Општината Чешиново – […]

today28/12/2018 104

Зголемена локална транспарентност

Рурални амбуланти а не рурален доктор

Жителите од струмичките планински населени места Рич и Белотино патуваат и по час за да напрват лекарски преглед или примаат било каква медицинска терапија. Во овие две села каде живеат околу 450 жители немаат никаква амбуланта за примарна здравствена заштита а од Струмица се одалечени околу 25 километри. Молат бога да не се разболат или чекаат да дојде среда , кога од здравствениот дом им испраќаат медицински тим составен од лекар, медицинска сестра и возач. Најтешко им е на возрасните […]

today28/12/2018 79

0%